Порошенко и Меркел ги разгледаа можностите за мирно решавање на ситуацијата во источна Украина

 

Претседателот на Украина Петро Порошенко и германскиот канцелар Ангела Меркел во телефонски разговор размениле мислења за можностите за мирно решавање на конфликтот во Источна Укриана. Информацијата за телефонскиот разговор е објавена на интернет страницата на украинскиот претседател.

Претседателите на Русија, Белорусија и Казахстан ќе разговараат денеска во главниот град на Белорусија со претседателот на Украина Петро Порошенко.

На средбата ќе присуствуваат и претставници на Европската комисија, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, еврокомерсарите за трговија Карл де Гихт и енергетика Гинтер Етингер.

Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера потпиша указ за распуштање на Врховната рада и организирање на предвремени парламентарни избори во земјата на 26 октомври.

26.08.2014 - 09:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега