Нема да ви се верува колку резерви во злато има Македонија
Со резерви на злато, од 6,8 тони, Македонија е рангирана е на 79 место од вкупно 100 земји од светот, додека Албанија е последната, со 1,6 тони, јавуваат албанските медиуми, повикувајќи се на извештајот на World Gold Council за месец август 2014.
Бројките ги потврдил и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Од регионот на Балканот најмногу злато има Грција, 112,2 тонa злато, следува Бугарија со 40 тони, Србија 16,1 тони, Словенија 3,2 тонa, Босна и Херцеговина 3 тони.
Хрватска, Косово и Црна Гора не се во листата.
Според листата, прва е САД со 8.133,5 тони, втора е Германија со 3.384,2 тони, трет е ММФ со 2.814 тони, па Италија, со 2.452,8 тони, Франција со 2.435,4 тони, Русија е петта со 1.094,7 тони. Претпоследна (99) на листата е Хаити со 1,8 тони и Албанија последна со 1,6 тони
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа