Средба Јолевски-Сиемонијак: Помеѓу Македонија и Полска има огромен потенцијал за раст и развој
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, се сретна со полскиот колега Томас Сиемонијак. На средбата беше истакнато дека билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Република Полска има огромен потенцијал за раст и развој.
Министерот Јолевски по средбата со својот полски колега, Томас Сиемонијак, посочи дека Македонија и Полска соработуваат во областа на одбраната од далечната 1996 година кога беше и потпишана меѓусебната спогодба за соработка, која, пак, е трета по ред од осамостојувањето на Република Македонија и основањето на Армијата на Република Македонија, а воедно и се заблагодари за поддршката која ја добиваме од Полска во стратешките определби на Македонија за станување дел од евроатлантските организации, НАТО и Европската унија.
Полскиот министер за одбрана, Сиемонијак по средбата посочи дека самиот факт што министерот Јолевски на почетокот на мандатот ја посетува Варшава потврдува дека двете земји имаат блиски односи. Во контекст на евроатлантските интеграции полскиот министер рече дека неговата земја ќе продолжи целосно да ја подржува Македонија во нејзините аспирации за членство во НАТО и ЕУ.
- Полскиот министер укажа на тоа дека на средбата станало збор и за идната воена соработка, учеството на вежби, како и за моменталната безбедносна состојба во Европа и на Балканот, се вели во оопштението.
Во текот на утрешниот ден, делегацијата од Република Македонија, освен Оперативната команда и Полскиот одбранбен холдинг, ќе ја посети и Националната одбранбена академија, имајќи ги предвид приоритетите на Министерството за одбрана за развој на образованието и едукацијата, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа