Крвав бунт во затвор: Убиени четворица затвореници, на двајца им ги исекле главите
Во бунт во затворот во градот Каскавел на југот во Бразил убиени се четворица затвореници и неколкумина се ранети, додека два чувари се заложници.
Во тек се преговори помеѓу чуварите и водачот на затворениците за да се прекинат насилството и убиствата.
На двајца затвореници им се исечени главите, а други двајца останатите затвореници ги фрлиле од кровот на зградата. Двајца чувари се заробени и се држат како заложници во бунтот кој почнал во неделата наутро.
Преговорите за да се нормализира ситуацијата ке продолжат денес. 60 проценти од затворот во текот на ноќта и понатаму беше под контрола на затворениците.
Во затворот се исклучени водата и струјата, истакнуваат чуварите и наведуваат дека полицајците го чуваат затворот за да не се прошири бунтот, пренесува агенцијата АФП.
Локалните медиуми ги прикажаа затворениците, чии лица се прекриени со импровизирани фантомки, како тепаат мажи кои ги држат со јажиња околу вратот на кровот на една од зградите.
Во бунтот се вклучени најмалку 700 затвореници кои ограбуваат и палат и уништуваат делови од објектот, а насилството помеѓу затворениците најверојатно вклучува припадници на сопернички нарко банди, додава ББЦ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа