Изненадете го со стриптиз само за негови очи

 

Стриптизот е еротски танц кој ве води додека ја соблекувате облеката токму во ритамот на заводливата музика.

Не постои маж кој не си фантазира за едно незаборавно стриптиз шоу приредено од страна на неговата партнерка. Па токму затоа, ние ви предлагаме да му подарите една поинаква и незаборавна вечер на вашиот партнер. 

Верувајте дека воопшто не е неопходно да сте одлични во танцувачките вештини за да ја вжештите оваа вечер атмосферата во спалната соба буквално до "точка на вриење"!

Правила

Вежбајте пред огледалото. Научете се да танцувате бавно и заводливо да ги движете колковите. Вашата кожа нека биде мека, нежна и нека издава убав и сензуален мирис кој токму нему му се допаѓа. 

Облечете секси долна облека. Никогаш нема да згрешите ако изберете тантела во црвена или црна боја. Сепак, за некои мажи и белата боја е апсолутно привлечна бидејќи ги асоцира со невиност.

Носете тенки чорапи, најдобро со должина до коленото или пак секси надколеници. Жартиерите се возбудлива глетка за машките очи, па затоа не му го скратувајте тоа задоволство.

Освен секси долна облека, изберете и секси парчиња облека за над неа. Потрудете се горната облека да може лесно да се соблекува. 

Носете високи потпетици, бидејќи нема ништо посекси од високи потпетици. За време на заводливиот танц не ги соблекувајте бидејќи тие ќе направат да се чувствувате посекси, а истовремено и ќе ја издолжат вашата фигура.

Одберете ја музиката. Иако повеќето луѓе кога ќе помислат на стриптиз, веднаш се сеќаваат на песната "You Can Leave Your Hat On" од Том Џонс, сепак, тоа не мора да биде вашиот избор бидејќи има голем избор на заводливи песни кои ќе ве опуштат и ќе ги диктираат вашите нежни и секси движења.

Направете убава атмосфера со помош на ароматни свеќи. Седнете го вашиот партнер на стол и уживањето и забавата можат да започнат. Ако сето ова го направите без негово знаење, уште после првиот поглед тој ќе копнее по вас повеќе од било кога!
Совети

За време на целиот танц гледајте го право во очите и гледајте го максимално заводливо. Вашиот секси поглед ќе му ја зголеми возбудата до "точка на вриење".

Допирајте го вашето тело сосема слободно и спонтано. Вашите раце нека ги "галат" токму оние делови кон кои сакате да го привлечете неговото внимание.

Неговите раце нека бидат подалеку од вас! Во ниту еден случај не му дозволувајте да ве допре. Негова работа додека вие танцувате и го предизвикувате е да ужива и да се обиде да остане смирен.

Соблекувајте се бавно во ритамот на музиката, а за да биде уште поинтересно играјте си со алиштата, а потоа фрлете ги кон него, едно по едно.

Не заборавајте на вашата коса. Мажите едноставно ја обожуваат женската коса, па токму затоа допирајте ја и галете ја за време на танцот.

Не ја соблекувајте целата облека! Оставете дел од вашата облека на вас.

На крајот, доближете се до него и дозволете и' на оваа незаборавна ноќ да започне!

Извор: Kармин

25.08.2014 - 15:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега