Средба Иванов - Ринкевичс: Поддршка од Летонија за патот кон ЕУ
Претседателот Ѓорге Иванов денеска оствари средба со шефот на летонската дипломатија, Едгарс Ринкевичс на која беа разменети мислења за развојот на билатералните односи и соработката меѓу двете земји, како и за состојбите во врска со членството на Македонија во ЕУ и НАТО.
- Почетокот на преговорите ќе помогне да продолжат реформите со поголемо темпо и да се надминат слабостите нотирани во Извештајот на Европската комисија, истакна Иванов на средбата и ја нагласи потребата од паралелно движење на преговорите со надминувањето на билатералната разлика.
Министерот Ринкевичс ја истакна подготвеноста на Летонија за натамошна поддршка во однос на евроатлантските интеграции на Република Македонија, а на средбата беше констатирано и дека односите меѓу двете земји се традиционално добри и пријателски, со редовен политички дијалог.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа