Млада девојка загина на местото каде што падна Шумахер
Холанската велосипедистка Анфлер Калвенхар загина при трка од Светскиот куп во маунтајн бајк на француските Алпи и тоа на истото место каде што Михаел Шумахер имаше скијачка несреќа.
Таа починала на интензивна нега во болницата Гренобл.
-Сите сме многу потресени од оваа трагедија. Жал ми е што загубивме една добра, млада велосипедистка. Сакам да му изразам сочуство на семејството на Анфлер. Ова е голема загуба за нејзиното семејство и со ништо не може да биде надоместена, изјави претседателот на Светската велосипедска федерација, Брајан Куксон.
Дваесетгодишната Калвенхар паднала за време на квалификациската трка на подрачјето на скијачкиот центар Мерибел, по што почина во болницата во Гренобл.
Како за потсетување, на истото место Шумaхер се здоби со сериозни повреди на главата и половина година се наоѓаше во кома, така што се уште е неизвесно дали ќе успее целосно да се опорави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа