"Те знам јас тебе, сакаш да ме убиеш" - детали за убиството во Србија

27 - годишната Бојана Бачевиќ, која во петокот во таканаречената љубовна соба во затворот во Ниш ја задави бившиот сопруг Иван Миловановиќ (35), ја претчуствувала својата смрт. За тоа сведочи и писмото од убиецот кое еден ден пред убиството стигнало на адресата на сестрата на Бојана, Бобана Радиќ.

Иван на пет густо испишани страни напишал дека се чул со Бојана и и кажал дека го пратил писмото.

- Таа ќе ми дојде во посета, а замислете што зборува: "Ти мене таму ќе ме убиеш!" Јас и реков дека нема да ја убијам ниту во затворот ниту надвор, а таа повторно ми одговори: "Кога ќе излезеш ќе пратиш некој да ми ги скрши нозете, те знам". И се заколнав во нашата ќерка дека нема да и направам ништо лошо, напишал Иван во писмото.

Тој во писмото ја обвинува Бојана за неверство.

- Имаше многу расправии помеѓу мене и неа поради е..., останатото несакам ни да го спомнувам. Одлучив да дигнам раце од Бојана, нека си го живее животот, и посакувам се најдобро. Бојана е мајка на мојата ќерка и ако е најлоша и ако е најдобра. Се договоривме да ми доаѓа во посета и да ми го носи детето. Јас ќе и бидам прав пријател, Бојана може да спие како јагне, ниту ќе ја убијам, ниту ќе ја удрам. 

- Тоа би било најлесно, а најтешко е да бидеш човек. Да сакав нешто лошо, таа веќе ќе беше во количка, но јас несакам на своето дете да му нанесам болка. Можев да ја убијам, таа го заслужи тоа 100 посто. Некој друг на мое место тоа би го направил, напишал Иван.

Бојана Бачевиќ ќе биде погребана во Каменица.

25.08.2014 - 12:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега