Младо момче исчезнало додека било на работа!

Ноќта помеѓу 23 и 24. август исчезнал 33-годишниот Петар Обренчевиќ додека бил на работното место. Петар работел како келенер на сплавот "Shake'n'shake" во Белград, облечен е во зелена кошула, тексас бермуди и стартки. Висок е околу 180 сантиметри. Момчето било на смена од 21:00 до 04:00 наутро. Иако сплавот бил доста посетен, таа ноќ не бил регистриран никаков инцидент.

Колегите започнале активно да го бараат Петар отако не го пронашле ни во една од просториите на сплавот.

Еден од нив посочил дека последен пат го видел Петар по полноќ, односно во периодот од 00:00 до 01:00 часот.

Полицијата веќе започнала истрага. Се претпоставува дека Петар се повредил и паднал од сплавот во водата, но полицијата не го пронашла.

 

25.08.2014 - 10:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега