Лоциран убиецот на младиот Лука- еве каде се криел
33- годишниот нарко дилер од Белград, Марко Миличев осомничен дека на 25 јули со „мини купер кантримен“ го усмртил 21-годишниот Лука Јовановиќ, веќе некое време се крие во Кина, дознава српски Курир.
Истражните органи успеале да го лоцирaат убиецот во централниот дел на оваа азиска земја и неговото апсење е само прашање на денови.
Миличев најпрво е лоциран на аеродромот во Хонгконг, а потоа е утврдено дека се крие во централниот дел. Осомничениот поминал 8.500 километри до Хонгконг бидејќи Интерпол потерницата за него е распишана на 19-ти август.
25.08.2014 - 09:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа