Земјотрес ја стресе Турција
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран доцна синоќа во турскиот округ Бурдур, во југозападниот дел на земјата.
Нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.
Според информациите на турската Дирекција за управување со кризи и вонредни состојби епицентарот на земјотресот бил во околината на градот Агласун. Најблиско населено место до епицентарот е селото Јомруташ.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 7,06 километри под површината на земјата и по него следел вторичен потрес со интензитет од 3,7 степени
25.08.2014 - 09:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа