Еве колку специјалци ја чуваат Цеца

 

На претстојниот концерт во Сараево кој Цеца ќе го одржи на 30 август ќе ја чуваат 200 специјалци. Цеца концертот ќе го одржи за прв пат по завршување на војната.

Пејачката во Сараево ќе пристигне на денот на концертот и веднаш по слетувањето ќе биде под силно полициско обезбедување.

 

-Организаторите на концертот одлучија покрај редовното обезбедување да ангажираат дополнителни 200 специјалци кои ќе прават штит околу Цеца и ќе ја следат секој чекор. На ваков чекор се одлучиле поради помалите протести кои се појавиле на социјалните мрежи. Иако на ниту еден начин не се споменува дека некој може да и наштети на Цеца, сепка организаторите решија да го засилат обезбедувањето, вели за Ало извор упатен во целокупната организација.

 

Цеца во Сараево нема да се задржи, па според најавеното веднаш по концертот заедно со својот тим соработници се враќа во Белград.

25.08.2014 - 09:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега