Јолевски во работна посета на Полска
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со делегација од Министерството и од Армијата на Република Македонија, од утре ќе престојува во неколкудневна работна посета на Република Полска.
Јолевски ќе оствари средба со неговиот колега, министерот за одбрана на Полска, Томас Сиемонијак, a како дел од посетата министерот ќе оствари средби и со претседателот на Комисијата за национална одбрана во Парламентот на Полска, Стефан Ниесиоловски, челниците на Националното биро за безбедност, ректорот на Националниот одбранбен универзитет, полковникот Дариус Козеравски, а ќе ги посети и Оперативната команда, Полскиот одбранбен холдинг и воените производствени капацитети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа