Либертас фатени во лага - подметнуваат туѓи зборови во устата на претседателот Иванов
Проопозицискиот портал Либертас по којзнае кој пат повторно манипулира со јавноста и сакајќи да му наштети на угледот на претседателот Ѓорге Иванов измислува лаги и манипулира со одамна изнесени размислувања во јавноста.
Откако проопзицискиот портал излезе со информација дека на неодамнешна средба со неколку македонски академици претседателот Иванов отворил расправа околу потеклото на Македонците, демант стигна од претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски.
„Од целиов напис е точно само тоа дека деновиве ние неколкумина академици имавме заеднички ручек во Охрид со нашиот колега, претседателот Иванов, но не во вилата Билјана. За време на средбата воопшто не стана збор за нашите предци, а Аристотел беше споменат во контекстот на значењето и грандиозноста на неговото филозофско учење (етика, метафизика, логика, физика итн.). Очигледно дека некој што го слушал разговорот од друга маса имал слаб слух и не дочул, уште помалку разбрал за што станува збор, но имал бујна фантазија поттикната од споменувањето на името на Аристотел. Ширењето невистини никому не му користи“ се вели во реакцијата на академикот Камбовски на тврдењата на „Либертас“.
Дополнително, Либертас изнесува неточни информации, според кои, претседателот Иванов при средби со странски амбасадори тврдел дека поетот Хомер е погребан на островот Голем град во Преспанското езеро. Против тврдењата на Либертас оди фактот што вакви информации во дневниот печат изнел професорот Димитар Гелев уште во 2006 година, што на никој начин не може да се поврзат со претседателот Иванов.
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2922&stID=68007
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа