Неготинчанецот е убиен за 1000 денари - нови детали за убиството
Полициска станица Неготино во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето С.В. (38) од село Пепелиште- Неготино, поради основи за сомнение за сторено убиство над лицето Вељо А. (86) од село Пепелиште општина Неготино.
Пред два дена во времето од 12-13 часот пријавениот и сега починатиот Вељо А. (86) работеле заедно на засадување дрво на гробиштата во село Пепелиште.
Откако Вељо не му платил на пријавениот за услугата , дошло до вербална расправија по што пријавениот земал метален ашов со дрвена рачка и го удрил сега починатиот неколу пати во пределот на телото и главата .
Потоа, му го земал паричникот и од истиот одзел 1000 денари по што заминал во непознат правец.
Пријавениот заедно со кривичната пријава е изведен пред надлежен суд.
Неофицијално осомничениот за убиството имал психички проблеми за што поседувал документација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа