Александров: Петре, ако си маж дојди на ТВ дуел, а не се сокривај како маженце!

 

Претседателот на македонските црковни заедници, Игор Аврамовски Александров, кој Владиката г. Петар одлучи да го екскомуницира од православна црква, со што предизвика бура од реакции во црковната, но и во јавноста во Македонија и во Австралија, го повикува Митрополитот на МПЦ на телевизиско соочување во кое ќе се обелодени целата вистина за состојбите на австралискиот континент. Александров и јавно ги објавува прашањата, за кои доколку Владиката г. Петар не е подготвен на соочување, бара да и ги одговори на јавноста. Реакцијата на Александров доаѓа по изјавата на Владиката г. Петар, дадена за една телевизија, во која Г. Петар го повикува Митрополитот г. Тимотеј да биде маж и да не се откажува од полемиката со него.

Во продолжение прашањата и коментарот кој Александров му ги испраќа на Владиката г. Петар:

1.1 Нели според Петар Каревски (и Зоран Вранишковски), како што Игор Александров е наводно 'екскомунициран', така и покојниот владика г. Кирил и покојниот архиепископ г.г. Михаил наводно беа неканонски владици, а покојниот г.г. Михаил како и сегашниот Архиепископ г.г. Стефан, се наводно неканонски избрани за архиепископи? 

1.2 Нели според Петар Каревски (и Јован Вранишковски), МПЦ ќе 'останеше' неканонска ако не ја применеше петревата Нишка спогодба, за поништување на националниот идентитет на МПЦ и нејзино 'враќање' под српскиот Патријарх како Охридска Архиепископија? 

1.3 Зошто Петар продолжи да седи во за него 'неканонски' Синод, со 'неканонски' владици и Архиепископи, на 'неканонска' Црква? Дали лажел кога велел дека се неканонски или пак лицемерно седи во таков Синод од материјален интерес и за да има можност за нов внатрешен удар за рушење на МПЦ во иднина?

2.1 Нели во петревата наводна пресуда за екскомуникација пишува дека таа треба да биде потврдена од Архиепископски црковен суд пред да влезе во сила? 

2.2 Кој го сочунува тој Архиепископскиот Црковен Суд? 

2.3 Кој може да се пожали до Архиепископскиот Црковен Суд? 

2.4 Дали Архиепископскиот Црковен Суд го разгледал петревото решение за екскомуникација? 

2.5 Дали Синодот може да поништи одлука на Архиепископски Црковен Суд, како што претходно, по барање на Петар, Синодот поништил одлука на АЦС дека петревото 'расчинување' на протоереј Зоран Алексовски од Сиднеј е невалидно?

3.1 Може ли Петар да ги обелодени досегашните годишни финансиски извештаи на неговата Епархија или на некој од храмовите кои се регистрирани како законска сопственост на Петар Каревски, Тоне Гулев, Душко Спиркоски (овие тројца заедно го сочинуваат таканаречениот Епархиски суд кој донел одлука за екскомуникација) и Јовица Симоновски? 

3.2 Дали некој од тие финансиски извештаи, ако постојат, е проверен и одобрен од државно-акредитиран ревизор (аудитор) и поднесен на разгледување до членско собрание и до надзорните власти за регистрирани непрофитни и добротворни организации во Австралија, како што тоа се прави со извештаите на црковните општини кои Петар ги нарекува само 'компании'? 

3.3 Кој и по каква постапка може да се побуни или да ги смени управувачите на неговата Епархија и сопствениците на неговите храмови, ако не се задоволни од финансиските извештаи? 

3.4 Дали некој владика во Синодот може да потврди дека некогаш видел таков финансиски извештај од Петар? 

3.5 Дали во тие извештаи пишува колку пари до сега Петар потрошил и колку должи за адвокатски трошоци за одземање на храмови како Св Никола во Мелбурн, Св Никола во Перт, Св. Петка во Сиднеј ... од непрофитините регистрирани црковни општини кои ги основале? 

3.6 Дали пишува во тие извештаи кој е изворот на тие милионски трошоци, за да не шпекулира јавноста дали доаѓаат од МПЦ или од некоја од црквите кои работат на уништување на МПЦ? 

3.7 Дали пишува во тие извештаи колку плата земаат и колку им се должи за нивната управна работа на Петар Каревски, како раководител на Епархијата, и на неговиот полуписмен внук, попот Љупчо Каревски, како Секретар на Епархијата, од кои ниту еден нема никакви управни или административни квалификации кои нешто вредат во Австралија, ниту пак го владее службениот јазик на Австралија?

4. Зошто Петар, кога се смета за толку голем 'маж' во јавните препукувања со своите браќа од Синодот, упорно избегнува да излезе на телевизиска дебата со претставник на Здружението на македонски заедници во Австралија, на која може да се разгледаат горните прашања и се што тој сака да покрене? 

5. Дали причината што Петар се обидува да ги протера од Црквата Игор Александров, Ицо Најдовски, десетици илјадни верници кои ги прогласил за самоекскомуницирани, десетина свештеници кои ги прогласил за расчинети, или оние 891 членови кои ги тужи за да ги протера од членство во МПЦО Св. Петка од Сиднеј (со тужба во која неговиот поп и архиерејски намесник Митко Митрев неодамна беше принуден да признае пред судот дека давал лажно сведоштво за да ги дисквалификува членовите), е е тоа што тој сака да ги острани сите кои јавно или на генерални собранија на црковните општини би му поставиле прашања како горните? 

 

 

22.08.2014 - 20:23
Фото: 
novatv
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега