Ни на момчето не му кажала дека го усмртиле Лука - нови детали
Тамара Богдановиќ, 23-годишната девојка од Нови Сад која кобната ноќ кога беше убиен Лука беше во автомобилот на убиецот, сокрила и од своето момче дека направиле ужасно дело а потоа се однесувале како ништо да не се случило. Како што дознава српскиот Ало, девојката која е осомничена дека му помогнала на убиецот Марко да ја сокрие приказната, е во врска со ракометарот Бојан Тодоровиќ, кој не ни знаел што се случило и дека неговата девојка е заплеткана во несреќата во која почина Лука.
- Буквално е во шок, се му е тешко, не може да оди ни на тренинзи...тој се пожалил на своите пријатели дека не забележал ништо чудно во однесувањето на својата девојка, па затоа не ни знаел што се случувало, вели извор за српскиот Ало.
Единствено чудно нешто што девојката му го кажала е дека ќе го смени бројот на мобилниот телефон.
Инаку, по несреќата, убиецот и девојките оделе на забави и се однесувале како ништо да не се случило.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа