Откриен идентитетот на убиените во Охрид
Две лица се убиени во оружен инцидент што се случи синоќа, 30 минути пред полноќ во угостителски објект на улица „15-ти Корпус“ во Охрид.
Како што информира СВР Охрид, засега непознато лице со истрели од огнено оружје, пиштол смртно застрело две лица. Напаѓачот е во бегство и по него трага полицијата. Неофицијално во нападот убиени се сопственикот на угостителскиот објект Васко Р. и Ромео Ѓ. пренесува Охридњуз.
Ова е второ двојно убиство во Охридско-струшкиот регион. Пред околу 10 дена жител на Вевчани, со огнено оружје уби двајца свои сограѓани.
22.08.2014 - 10:25
Фото:
денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа