"Да бевме со неа ќе беше жива" - што се случувало ноќта кога беше убиена Тијана?
Другарите на Тијана кои постојано се дружеле со неа се сеуште скршени од болка по трагедијата која го потресе целиот регион. 15-годишниот Стефан Л. и 15-годишниот Лука И. велат дека никогаш претходно во животот не го виделе убиецот на Тијана.
- Не се сеќавам дека некогаш некаде сум го видел. Навистина ми е криво. Да ја испратев Тијана можеби се уште ќе беше жива, вели нејзиниот другар за Курир.рс.
Стефан пред судиите вчера објаснил што се случило кобната ноќ пред да биде убиена Тијана.
- Тргнав со мојата другарка Милица дома кога притрча Тијана. Одевме заедно, а потоа рече: - Леле, морам да му го вратам дуксерот на Лука. И реков дека ќе ја испратам но ми рече Не,не,не, одете...настојуваше да оди сама, вели другарпт скршен од болка.
Потоа, истата ноќ, тој ја испратил Милица до дома, а потоа му се јавил на Лука да го праша дали се нашол со Тијана, но тој му рекол дека не дошла на договореното место. И ѕвонеле и праќале пораки но не се јавувала. Тогаш сфатиле дека сигурно се случило нешто лошо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа