Седум Македонци со скршени пениси завршиле на Урологија

 

Годинава 7 мажи со скршени пениси завршиле на Клиниката за урологија. Последниот ваков случај бил регистриран пред една недела, дознава zdravstvo24 од лекари од Клиниката.

Во доцните вечерни часови на Клиниката дошол маж на околу 30 години кој се жалел на силна болка на половиот орган. По извршениот преглед дежурниот уролог констатирал дека се работи за фрактура на пенисот. Пациентот имал среќа бидејќи се здобил со помала повреда при сексуалниот однос, па поминал само со шиење. Кај ваквите пациенти задолжително сe отвораат половите органи за да се види за какви повреди станува збор и дали евентуално се оштетени крвните садови и мочоводот. 

Уролозите за zdravstvo24 објаснуваат дека фрактурата на машкиот полов орган се случува кога за време на сексуалниот однос пенисот не е во полна ерекција и поради тоа доаѓа до свиткување на органот. Пенисот помодрува, отекува, а под кожичката се јавува хематом. Овие лица задолжително треба да дојдат во болница, велат хирурзите. После операцијата и шиењето уролозите на пациентите им препорачуваат најмалку еден месец да немаат сексуален однос. Првите неколку дена им се дава и терапија за да се спречи ноќна ерекција. Но, имало и ситуација кога мажот не знаел дека му е скршен пенисот, бидејќи немал болки. Лекарска помош побарал откако го забележал хематомот на половиот орган. Според уролозите во вакви случаи доаѓа до деформитет и искривување на пенисот. Секоја година на Клиниката за урологија имаат по 10 до 12 вакви случаи, најчесто во летниот период и тоа во вечерните часови.

22.08.2014 - 09:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега