Македонските туристи во Грција исплашени од пет земјотреси

Во Грција утринава се регистрирани пет земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала. 

Земјотресите се регистрирани во централна Грција, на Халкидики и во Солун со епицентри на длабочина од десет километри.

Првиот е регистриран во шест часот и 56 минути со интензитет од 1,6 степени, а последниот земјотрес во седум часот и 39 минути со јачина од 2,6 степени.

Засега нема информации за човечки жртви или причинете материјална штета.

 

22.08.2014 - 09:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега