Метеоролозите предупредуваат: На Земјата и се заканува апокалипса
На повик на Светската метеоролошка организација денеска во Монтерал илјадници метеоролози дебатирале на тема „Временска прогноза, каква ни е иднината?“.
Во првата деценија од овој век просечната температура на Земјината површина пораснала за 0,47 степени Целзиусови. Зголемување од еден процент доведува до седум отсто поголемо испарување на вода во атмосферата, а бидејќи испарувањето е придвижувач на воздушните струи во атмосферата, метеоролошките прилики сега почесто се менуваат.
Светските научници сметаат дека просечната температура на Земјата ќе порасне за два отсто до 2050 година.
„Облаците полесно и побрзо ќе се формираат што ќе предизвика сѐ посилни дождов, што ќе доведе до почести и ненадејни поплави“, изјавил Сајмон Ванг од Универзитетот во Јута.
Метеоролозите оценуваат дека нивните предвидувања ќе бидат сѐ понеопходни за воздушниот сообраќај – поради неочекуваните турбуленции, како и за поморскиот сообраќај, бидејќи се очекуваат џиновски бранови во океаните, високи и до 40 метри.
„Тоа е само почеток на климатските промени, бидејќи океаните имаат огромно влијание поради ослободувањето на вишокот топлина и испарувањата“, истакнале експертите и додале дека не смее да се заборави и топењето на вечниот лед на Гренланд.
Доколку продолжи со ваков тренд да се топи ледот, во наредниот век нивото на океаните би можело да се се зголеми дури до шест метри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа