Бред не ја сака Анџелина?- откриена тајната на славниот холивудски пар

 

Светски познат видовит човек ја предвиде нивната врска, а сега и Рен Бард тврди дека Бред Пит не ја сака Анџелина Џоли. Тој вели дека актерот останува со неа само поради шесте деца и бидејќи тоа би му го уништило имиџот.

Според тоа што го тврди Бард, актерот се уште е заљубен во поранешната сопруга Џенифер Анистон, но и дека со Анџелина се венчале тајно и ќе имаат уште три деца.

Видовитиот човек се запознал со Бред во 2004 година преку Анистон, а уште тогаш Бард му кажал дека ќе запознае некој што ќе му го промени целиот живот.

- Бред е тип на човек кој наоѓа среќа во сопствената душа и го прави тоа што мисли дека е правилно. Тој е голем човек. Сметам дека Џоли е многу паметна и го стави во ќош. Нему не му е грижа за врската, бидејќи ги сака децата повеќе од тој однос.

21.08.2014 - 12:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега