Тинејџери се фрлиле под воз поради забранета љубов

 

Бидејќи биле убедени дека нивните родители нема да ја дозволат нивната врска, 18-годишниот Мерт Караоглан и 15-годишната Шарли Дисбреј од Англија, скокнале заедно под воз.

Несреќните тинејџери на своите семејства и пријатели им оставиле видео во кое објаснуваат зошто вршат самоубиство: - Поради турското потекло на Мерт, верувале дека родителите никогаш нема да ја прифатат нивната љубов. Изгледа дека чувствата им биле толку силни што не размислувале како нивното дело ќе влијае на другите, раскажал по трагедијата претставникот на полицијата, Греам Дебури.

Малолетничката била талентирана музичарка која имала свој настап и на светски популарното шоу „Британија има талент“.

Инаку, во врска биле еден месец.

21.08.2014 - 12:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега