"Мамо немој да доаѓаш со мене" - ова се последните зборови на исчезнатиот Александар

Мамо немој да доаѓаш со мене, сам ќе излезам да прошетам. Тоа е последното што Аце ми го кажа во средата и од тогаш не сум го видела ни чула. Го молам бога само синот да ми се врати жив и здрав.
 
Ова, со солзи во очите за српски Курир, го раскажа мајката на Александар Јовановиќ од Костолац- Србија, кој исчезна на 13 август околу 20 часот.
 
Последните месеци бидејќи бил болен постојано само лежел и тешко се движел.
 
-Поради болеста помина месец дена на невропсихијатрија. На 30 јули од таму излезе како потполно здрава личност, вели мајката стегајќи ја во рацете сликата од нејзиниот син.
 
Мајката Звездана моли за помош и се надева дека нејзиниот син ќе се врати дома кај семејството.

 

20.08.2014 - 20:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега