Секоја чест за овој фризер- во слободните денови гратис ги шиша бездомниците
Секоја чест за овој фризер кој докажа дека се уште постојат вистински луѓе во светот.
Марк Бустос, од Њујорк, своите саботи, воедно и негови единствени слободни денови, ги поминува шетајќи по улиците на градот и правејќи им фризури на бездомниците кои инаку не би можеле да си дозволат ваква скапа услуга.
Како што вели тој оваа идеја му дошла откако ги посетил Филипините каде посакал да ги потстрижува локалките деца кои се сиромашни.
За него едно од најдрагите сеќавања е моментот кога му правел фризура на едно 12-годишно момче.
-„Тоа е едно од најживите сеќавања кои ги имам - едноставната реакција во вид на детска насмевка. Момчето имаше 12 години и беше толку срамежливо, што никого не гледаше во очи.
- Немаше чевли и изгледаше прилично грубо. За време на потстрижувањето, изгледаше вознемирено и ниту еднаш не го сврте погледот нагре, сè додека фризурата не беше готова.
- Еден човек влезе во берберницата и рече: Сега изгледаш како да си од Њујорк! Момчето погледна нагоре и ја развлече најнезаборавната насмевка“, раскажува Бустос.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа