Продолжува заплената и уништувањето насади со марихуана во Албанија
Албанската полиција со несмалена динамика продолжува со активностите за запленување на марихуана и уништување на цели парцели засадени со ова наркотично растение, јави дописникот на МИА.
Во пристанишниот град Драч полицијата заплени 500 килограми марихуана, чија крајна дестинација бил италијанскиот нарко пазар. Дрогата била скриена во камион марка „Ивеко“ кој требало да биде натоварен на траект кој сообраќал на релација Драч-Бари. Уапсен е возачот на камионот, кој е албански државјанин.
Во меѓувреме продолжува и акцијата на уништување на насади со марихуна. Така, полиција од градот Круја, само во текот на вчерашнот ден уништила околу 10.000 стебла на марихуана, кои биле засадени на 44 парцели во планинските предели на селата Курчај и Барканеш.
Во акцијата локалната полиција била потпомогната и од полициски припадници од Драч.
Во две села кај приморскиот град Валона, полицијата уништила 320 стебла на марихуана високи и по два метра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа