Печалбар од Тетово дома криел оружје

 

По претходно добиени сознанија, полицијата од Тетово изврши претрес во куќата и помошните простории на 40-годишниот А.Г. кој е на привремена работа во Италија.

Според податоците од полицијата, пронајдени се автоматска пушка и две рамки со по 26 парчиња муниција. Од страна на полицајците оружјето е одземено со потврда за привремено одземени предмети и ќе биде доставено за вештачење.

А.Г.е приведен и задржан во СВР Тетово. 

20.08.2014 - 13:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега