Оланд побара да се организира меѓународна конференција за справување со Исламска држава

 

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска побара организирање на меѓународна конференција за справување со проблемот со сунитската џихадистичка група Исламска држава, под чија контрола се делови на Сирија и на Ирак.

- Не можеме повеќе да се придржуваме кон традиционалната дебата за мешање или немешање, истакна Оланд во интервју за „Монд“.

Францускиот претседател апелира за создавање на стратегија за борба со Исламската држава која „има структура, значително финансирање, многу модерно оружје и им се заканува на Ирак, на Сирија и на Либан.

20.08.2014 - 12:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега