"Да застанеше Лука сега ќе беше жив" - еве колку брзо возел убиецот

 

Возачот кој го усмрти Лука возел со 100 километри на час. Кога го удрил несреќното момче, го фрлил на задниот дел на автомобилот, па продолжил да вози.

- Не знам како не видел дека четири момчиња од кои едното високо 2 метри туркале автомобил на улица. Мостот е осветлен и се се гледа како на писта, вели за Ало, Марко Брцан, другар на загинатото момче. 

Момчето додава дека било зад воланот кога Лука го туркал автомобилот од задната лева страна. - Кога не удри мене ме фрли на другото седиште, а потоа слушнав како извика Леле и избега, вели тој.

Марко додава дека возачот ако застанел и го однесел Лука во болница, можеби тој уште ќе бил жив.

20.08.2014 - 09:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега