Лекар силувал 39 пациентки
Познат бразилски лекар, осуден во Бразил на 278 години затвор за силување на 39 пациентки и по кого властите имаа распишано потерница од 2011 година, беше уапсен во Парагвај, соопшти бразилската полиција.
Докторот Роже Абделмасих, специјалист за асистирана репродукција, лекувал многу бразилски познати личности, вклучувајќи ја и сопругата на познатиот фудбалер Пеле.
Во 2009 година лекарот беше уапсен по обвиненија на пациентки против него. Некои од нив раскажаа дека биле силувани повеќепати од него на клиниката.
Во 2010 лекарот беше осуден на 278 години затвор. Тој тоа го обжали пред Врховниот суд, и поради тоа не беше веднаш затворен. Во тоа време Абделмасих успеал да ја напушти земјата.
Сега лекарот ќе биде екстрадиран од Парагвај, за да ја одлежи пресудата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа