СЗО го објави новиот биланс: 1.229 мртви и 2.240 заразени од ебола
Вкупно 1.229 лица починаа од ебола во западна Африка, а 2.240 се инфицирани со овој смртоносен вирус, соопшти денеска Светската здравствена организација.
СЗО наведува дека соработува со Светската програма за храна како би се доставила помошта за милиони луѓе кои живеат во зоните под карантин.
- Храната е распоредена на пациентите во болниците и на луѓето што живеат во зоните под карантин, се наведува во краткото соопштение на СЗО во кое не е прецизирано каде се регистрирани новите случаеви.
19.08.2014 - 12:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа