Истражувањата покажаа- половина од мажите се женат само поради пари
Иако се верува дека жените се тие кои се обвинуваат дека ја проверуваат длабочината на паричникот на потенцијалниот брачен партнер, изгледа дека сепак тоа е машка специјалност.
Како што соопштија британските медиуми, повеќе од половина мажи се подготвени да се оженат за пари, дури и ако идната невеста е стара, грда и досадна.
Поради финансиска криза се` повеќе мажи се „спонзоруши“- наведуваат истражувачите, а резултатите на нивната анкета спроведена за едно британско осигурително друштво, покажале дека дури 55% би се ожениле само за пари, без оглед на квалитетот од партнерката.
Според оваа студија жените стануваат се` повнимателни пред да стапат во брак – 29% бараат потпишување на предбрачен договор. Мажите денес повеќе се женат со главата отколку со срцето. Дојде до голем пресврт во улогите и очекувањата. Мажите денес преферираат да бараат богата партнерка која може да им пружи финансиска сигурност, стои во образложеието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа