"Сине врати ми се, не можам повеќе" - мајката на исчезнатото момче моли за помош

Кога ќе ги затворам очите сешто ми паѓа на памет, дека е умрен, дека му се слошило, дека му се случило нешто...Вака мајката на 21-годишниот Александар од Србија кој исчезна ја раскажува својата приказна. Таа 24 часа седи пред телефонот и чека повик дека нејзиниот син е пронајден жив и здрав.

- Ми се јавуваат голем број луѓе, велат дека ми го виделе синот. Некој го видел на пат, друг го видел како стопира автомобил. Ова е петта ноќ без него, веќе не можам, не можам да се смирам. Кога ќе ги затворам очите мислам дека е убиен или дека му се слошило или дека некој му направил нешто, вели мајката за српскиот Курир со солзи во очите.

Мајката на Александар очајно моли за помош. Денеска на исчезнатото момче му е роденден а желба на мајката беше да го прослават заедно за тој да види колку е сакан во семејството.

 

19.08.2014 - 10:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега