Кинески хакери украле податоци на 4,5 милиони пациенти
Водечкиот американски систем на здравствена заштита во рамки на кој работат 206 болници ширум САД, соопшти дека хакери упаднале во компјутерскиот систем на компанијата и украле податоци од 4,5 милиони пациенти.
На тој начин хакерите дошле до имиња, броеви на социјално осигурување, адреси на живеење, датум на раѓање и телефонски броеви на 4,5 милиони луѓе.
Секој кој што во последните пет години се лекувал во некоја од болниците на корпорацијата во моментот е загрозен бидејќи може да биде жртва на кражби на идентитет, што би им овозможило на криминалците отворање банкарски сметки и кредитни картички, земање кредит во име на пациентот чиј идентитет е украден.
Здравствената компанија, која работи во 28 американски држави, најми експерти за компјутерски криминал кои утврдиле дека хакерите се од Кина и оти користеле високо софистицирана техника да извршат напади врз болничкиот систем во април и јуни годинава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа