Преку ден беспомошно питачи на улица а навечер...

Бев сведок и гледав како една стара баба доаѓа да проси, а по извесно време по неа доаѓаше мерцедес. Најверојатно тоа „го работи “ осум часа а потоа си оди.“ Со овие зборови Борис Сетиќ од Сараево на најдобар начин опишал како просењето во БиХ станало практичен бизнис, особено за време на летото кога врие од туристи.

Според неговите зборови просењето е најизразено во Стариот Град бидејќи туристите таму најмногу се задржуваат.

„Единствен начин на кој би можела да се спречи оваа негативна појава е  граѓаните да престанат да им даваат пари. Во тој случај и тие ќе се откажат. Сите знаеме дека во нашите места има луѓе кои се во неповолна економска ситуација. На тие луѓе треба да им се помогне со купување на храна, облека а не да им се даваат пари“, вели Борис.

18.08.2014 - 18:07
Фото: 
новамакедонија
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега