Се урна зграда во Јоханесбург - најмалку пет загинати

 

Најмалку пет лица загинаа, а осум други се повредени денеска при уривање на зграда во изградба во предградие на јужноафриканскиот град Јоханесбург.

Претставничката на јужноафриканската служба за вонредни состојби Санти Штајнман изјави дека причините за несреќата засега не се познати. 

- Не знаеме што би можело да го предизвика уривањето на зградата. При уривањето загинаа пет лица, истакна Штајнман.  

Таа додаде дека загинатите и повредените „најверојатно се работници на градилиштето“.

Според неа, засега не е познато ни дали под урнатините на зградата има затрупани градежни работници.

18.08.2014 - 14:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега