И Кристијано Роналдо се полеа со ледена вода

 

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо се придружи на хуманитарната акција за собирање помош за здружението АЛС Асосијешн, кое се обидува да ја подигне свесноста за амиотрофичната латерална склероза.

Оваа необична акција почна од САД и се вика Ice Bucket Challenge. Оној кој сака да учествува, мора да биде номиниран од некого. Потоа се полева со канта ледена вода, со што стекнува право да кандидира три лица кои треба да го сторат истото.

Акцијата стана популарна бидејќи во неа се вклучија многу популарни личности, меѓу кои и Марк Зукерберг и Бил Гејтс. Последен кој тоа го направи е португалскиот напаѓач, кој беше предизвикан од поранешниот соиграч од Манчестер Јунајтед Дарен Флечер.

Роналдо се слече по долна облека и ги повика пријателите да го полијат со ледена вода. Тој врискаше, но побара предизвикот да го прифатат Бионсе, Лопез и Лил Вејн.

18.08.2014 - 13:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега