Кој е новиот дечко на Нина Бадрич?
Нина Бадрич веќе месец ипол е во врска со победникот на третата сезона на сараевското натпреварување "Ѕвезда можеш да бидеш ти", Мирза Шољанин од Сеница. Како што наведуваат босанските медиуми, тие се запознале во 2011. година на финалето на музичкото натпреварување, кога Нина била гостин на вечерта, а една година подоцна снимиле и дует за песната "Душите се сретнаa". Во меѓувреме станале добри пријатели, подоцна и многу блиску, па ни разликата од 13 години не била пречка да се заљубат.
Нина во текот на вчерашниот ден остана недостапна за коментар, а Мирза вешто го избегна одговорот на прашањето дали е во врска со хрватската колешка.
- Во град сум, имам обврски, неможам сега да разговарам. Извини те молам! Ќе се јавам подоцна, рече пејачот.
18.08.2014 - 13:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа