Ферари 275 ГТБ/4 продадено за 6 милиони фунти

Спортскиот автомобил Ферари 275 ГТБ/4, кој некогаш беше во сопственост на легендарниот актер Стив Меквин, продаден е на аукција во Калифорнија за шест милиони фунти.

Меквин  Ферари го купил во 1967 годна во текот на снимањето на филмот „Булит“. Го возел три години, а потоа го продал на актерот Гај Вилијамс.

Возилото е продадено за четири пати поголема цена од очекуваната. Но тоа не e првпат автомобил кој бил во сопственост на актерската икона да биде продаден за висока цена. На пример, неговото Порше 911 во 2011 година беше продадено за 830.000 фунти.

18.08.2014 - 12:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега