"Детето ми умира а лекарите не знаат што му е" - очаен татко ја раскажува својата приказна

 

Четиригодишното момченце Новак Кокоривиќ не реагира на лекови, има напади на епилепсија, и поради тоа мора итно да биде пренесено во Германија за што му се потребни 30.000 евра.

Таткото на момченцето од Белград, вели дека веќе со недели докторите не знаат што му е на неговиот син кој не реагира на лекови, не може да се движи и зборува, има напади на епилепсија и сосотјбата не му се подобрува.

Таткото ја загубил својата ќеркичка кога имала две ипол годинки. И таа имала слични симптоми, но не се открило што и е. 

Таткото бара помош од сите кои можат да помогнат за неовото синче да замине во Германија, да биде излекувано и да може да живее како секое друго дете.

18.08.2014 - 10:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега