Хорор во Припор: Деветмина повредени во сообраќајка - меѓу нив и бебе

Страотна сообраќајна несреќа во која има повредено две дечиња и седум возрасни се случила утрово во Припор. Според податоците до кои дојде Курир, дошто до судир на два автомобили „Голф“ во кој се наоѓале жители на селото Чифлик.

Сите лица се здобиле со телесни повреди, седум од повредените се пренесени во Ургентниот центар, а две лица во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Во едниот автомобил се наоѓале возачот Х.С. (33), две жени Х.С. (29) и  Ѓ.С. (56) и двете деца, неколку месечно бебе и тригодишно детенце.

Четири члена на едно семејство биле во вториот автомобил: мажот кој го управувал автомобилот В.С. (33) и три жени А.С (42), С.С. (42) и Н.С. (40).

Патот е затворен за сообраќај.

18.08.2014 - 09:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега