Загина младо момче - страотна сообраќајка кај Струмица

Уште една страотна сообраќајка на улиците низ Македонија. Утрово во 5 часот и 30 минути на магистралниот пат Струмица-Ново Село дошло до судир меѓу товарно возило Мерцедес и автомобил Ауди А4, двете со струмички регистерски таблички.

Во несреќата на повредите им подлегнал 26-годишниот возач на Аудито Александар П. од струмичко Моноспитово. Со повреди се здобил неговиот сопатник М.К. кој е пренесен во струмичката болница.

Полиција врши увид.

18.08.2014 - 09:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега