Голема опасност од пожари во Грција

Грчката Цивилна заштита издаде предупредување денеска за висока опасност од пожари во неколку реони во државата, јави Радио Атина.

Најголем ризик од појава на пожари имаат реоните Атика и островите во Егејското Море.

Во меѓувреме три шумски пожари се активни од вчера во Грција – во реонот на Мани, најјужна точка на Пелопонез, на островот Кефалонија и во Алмирос во близина на Волос. Пожарите не се закана за населени реони.

18.08.2014 - 09:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега