Момче со нож во трговски центар убило две и ранило 14 лица

Во трговски центар во градот Јангце во кинеската провинција Чилин уапсен е човек кој од чиста мира убил две лица, а ранил уште 14.

Напаѓачот е млад, роден 1989. година, јавува Централната кинеска телевизија.

Зошто момчето го направило овој масакр сеуште не е познато, но истрагата е веднаш започната.

Бидејќи трговскиот центар е многу посетен и има обезбедување, полицијата интервенирала пред момчето да направи поголем масакр.

 

17.08.2014 - 15:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега