Родителите на Тијана бесни бараат нов Закон - други без срам сакаат да заработат од трагедијата

Родителите на Тијана Јуриќ која беше брутално убиена од страна на месарот Драган Џуриќ кој ја удри со кола, ја претепа, силуваше, па закопа, бараат нов закон со кој потрагата по исчезнатите деца ќе започне и пред да поминат 48 часа, како што сега пропишува законот. 

Како што пренесуваат српските медиуми, родителите на Тијана кои се скршени од болка и тага покренаа иницијатива за менување на овој закон, а додека тие се обидуваат да се изборат за овој нов закон други гледаат да заработат од ситуацијата без срам.

Фејсбук страницата  „Смртна казна за убиецот на Тијана Јуриќ“ е на продажба. Верувале или не, дел од луѓето сега се обидуваат да заработат пари од грозоморното убиство кое го потресе целиот Балкан. Креаторот на групата добил порака во инбокс од заинтересиран човек кој му понудил одредена сум на пари за да ја одкупи од него. Сопственикот најпрвин се противел а потоа прифатил, иако не му било јасно како ќе ги земе парите.

17.08.2014 - 14:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега