Поради идниот зет ја убил ќерка си , па се самоубил

Чедо Јовановиќ од Источна Илиџа си ја убил со истрел од пиштол ќерката Биљана (40), а потоа се самоубил во саботата попладне, потврдено е во Центарот за јавна безбедност во Источно Сараево.

Полицијата проверува, по налог на Окружното обвинителство во Источно Сараево, кога и каде Чедо ја убил Биљана.

Според неофицијали информации, таткото отишол по ќерката да ја донесе од работа. Девојката седнала во колата, а таткото на патот кон нивната куќа испукал во неа еден куршум. 

- Со мртвата ќерка на седиштето во автомобилот се паркирал во гаражата. Ја повикал другата ќерка да дојде во гаражата. Кога стигнала таа видела дека таткото си го одземал животот и телото на сестрата Биљана, кажуваат соговорниците.

Мотив за убиството е најверојатно нарушените фамилијарни односи. Чедо не се согласувал со изборот на маж на Биљана, а свадбата била закажана за 18. септември.


17.08.2014 - 14:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа