Крвава ноќ во Берово: Млади момчиња со скршеници итно пренесени во болница

Крвава тепачка синоќа се одвивала во три часот по полноќ пред угостителскиот објект Лајф во Берово. 25-годишниот Р.К. се испотепал со пет години постариот И.Т. од Штип поради засега непознати причини.

Според податоците од полицијата, Р.К. се здобил со набиеница на градниот кош и главата, додека другиот насилник завршил со скршеница и посекотина на носот.

Полицијата работи на случајот.

17.08.2014-12:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега