32 лица го загубија животот во сообраќајна несреќа

Најмалку 32 лица загинаа во северозападниот дел на Авганистан, кога се превртел камион што превезувал луѓе и животни, соопшти денеска авганистанската полиција.

Несреќата се случила во планинскиот округ Аб Камар во провинцијата Багдис.

Причините за превртувањето на камионот не се познати, а во полициското соопштение не се посочува ни колку луѓе и животни имало во возилото. 

17.08.2014 - 11:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега