Ја силувал нејзиниот братучед - нови детали од хоророт во Штип

Девет месеци девојчето од Штип ја криело страшната тајна, за она што и се случило во декември минатата година, кога во нејзниот дом, нејзин прв братучед ја силувал, дознава Канал 5.

Девојчето се плашело бидејќи насилникот и се заканил, па ја криело ужасната тајна, но откако деновиве го видела силувачот, признала каков хорор преживеала.

Според она што го раскажала, се се случило лани пред Нова година, кога  32 годишниот роднина затропал на нивната врата,а таа била сама во куќата. Под изговор дека ги бара нејзините баба или дедо, малолетничката не претпоставивајќи што ќе и се случи, го пуштила братучедот внатре, а тој го искористил тоа што била сама дома па ја силувал, по што и се заканил по нејзиниот живот ако каже некому што се случило.

Инаку, полицијата откако ја нотирала изјавата на малолетничката, го повикала и посочениот роднина.

 

16.08.2014 - 15:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега